Македонија 03. мај 2019. / 22:47

(ДОКУМЕНТИ) Фирмата поврзана со таткото на Константин Георгиески, добила 10 милиони од Општина Охрид!

(ДОКУМЕНТИ) Фирмата поврзана со таткото на Константин Георгиески, добила 10 милиони од Општина Охрид!

Компанијата ДЕБОЈ ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ Охрид, која е во сопственост на Никола Толевски од Пештани, познат како „Коле Банката“, добила на 10 милиони денари од Општина Охрид, по предлог на в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

Симптоматично е што со оваа компанија поврзаност има таткото на градоначалникот, господинот Георги Георгиески. Тој, бил партнер заедно со добитникот на парите, а неговата компанија, откако се одвоиле, до ден денес има слично име со онаа на Толевски – ДЕБОЈ-ТРОН.

ДЕБОЈ ИНЖИНЕРИНГ парите ги добила за заостанат долг, но со солена камата. Како што велат за „Лидер“ службеници од Општина Охрид, обично во вакви случаи им се исплаќа прво на оние компании кои се откажуваат или бараат помала камата од предвидената – но, во овој случај и покрај големата камата, за долгот од околу 7 милиони демнари се исплатиле 10 и тоа помеѓу првите.

Во прилог, документи за исплатата:

Таткото на Константин Георгиески избегнува да плати 1 милион, за данок и плати!!!

Компанијата Дебој-Трон ДООЕЛ ОХРИД, која е во сопственост на Георги Георгиески, татко на кандиатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, на државата и должи скоро 1 милион денари (поточно 923.618 денари) за неплатен данок и за неисплатени приодонеси и плати – покажуваат вкрстените проверки кои ги спроведе Економски Лидер во УЈП и Централниот Регистар.

Георги Георгиески е татко на актуелниот в.д градоначалник на Охрид и кандидат на СДСМ за функцијата градоначалник. Самиот Константин, во изјава пред неколку дена изјави дека милионската парцела во која што е партнер со Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков кој е под истрага на СЈО за криминали заедно со Мијалков, ја наследил токму од неговиот татко.

Таткото на Константин Георгиевски, во охридската јавност важи за основач на “градежната мафија“ која има незаконски градено згради во центарот на Охрид кои потоа биле легализирани.

Неговата компанија Дебој-Трон, од 2018 е во стечај, но овој долг, кој е прикажан од УЈП сеуште не е наплатен заедно со платите и придонесите и веројатно овие пари, никогаш нема да и бидат платени на државата заедно со платите кои работниците никогаш не ги примиле.

Константин Георгиески во недела од охриѓани ќе ја бара довербата за градоначалник, а, неговата фамилија има огромен долг.

Приказ на вкрстената анализа за долгот во УЈП и Централен Регистар.