Во ек на корона состојба во земјава, продолжуваат да се редат нелогичните одлуки и мерки на владините претставници.
Како резултат на актуелната економска состојба во земјава, сиромашните граѓани ќе станат уште посиромашни, но тоа не ги спречи институциите на лицето Измит Шабанов да му се укине социјалната помош. До документот до кој дојде редакцијата на Економски лидер се гледа дека лицето Шабанов го губи правото за загарантирана минимална помош во следните 12 месеци.
Како причина се наведува фактот дека лицето( од информација на УЈП) остварувал приход од плата од 4000 денари.
Инаки, Владата на последната седница донесе одлука за укинување на непродуктивните трошења, како на пример укинување на К- 15, забрана за нови вработувања и забрана за купување нов мебел и возила.
Очигледно и укинувањата на социјалната помош во идниот период ќе биде една од мерките за штедење на Владата.