Струмичанецот Митко Ѓоргиев утринава бил на распит во полицијата по пријава за наводна закана кон Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев.
Тој до редакцијата на „Економски Лидер“, ја достави поканата со која го повикале на распит во СВР – Струмица за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“.
Ѓоргиев тврди дека го повикале поради јавните тврдења во емисијата „Блиц“ на Телевизија Алфа, во која фамилијата Заеви ја обвини за лихварство и должничко ропство во кое го држеле.
-Преку луѓе ми испратија порака дека за да не одам во затвор, треба јавно преку телевизија да му се извинам на Вице Заев – вели Митко Ѓоргиев во изјава за Лидер.
Инаку, Ѓоргиев во емисијата поради која тврди дека сега го гонат, сведочеше за позајмицата од дванаесет илјади евра од Вице Заев, која ја земал со цел опстанок на неговиот бизнис со туризам.
Она што е симптоматично тука е што Вице прво му ги дал парите за подоцна, после една недела, да склучат договор со штедилницата Пеон која е во сопственост на фамилијата на Заев и каде како гаранција го дал својот стан.
Неговите проблеми почнуваат после извесно време откако на вратата му се појавува извршител со цел наплата на долгот. Ова од семејството Заеви му било кажано експлицитно дека е последица на различно политичко мислење.
Ѓорѓиев вели дека после целата оваа ситуација ги има вратено сите пари и 4 години немало ни трага ни глас од Вице Заев, ниту пак од неговата штедилница.
Голготата на Ѓорѓиев не завршува тука. Поради тешка болест на член на неговото семејство побарал од Вице Заев да му ја ослободи хипотеката на станот се со цел да да го плати болничките трошоци.
-Иако вратен кредитот јас се почудив кога Вице Заев ми пресметал и ми дава лист на кој ми бара да му платам уште 20 илјади евра. По закон на народна банка јас ги вратив парите. Иако тој ја знаеше мојата фамилијарна положба дека парите ми требаат за лекување тој ми побара уште 20 илјади евра- вели Ѓорѓиев.
Ѓорѓиев за ваквите нерални пресметки на плата има документи каде се гледа дека каматата со која Вице Заев пресметал дека треба да му се врати, изнесува фрапантни 30%, иако според НБРМ тој процент на пресметка на камата треба да изнесува 11.5% .
Ова според Ѓорѓиев е класичен рекет и лихварство. Од документите кои ги има Ѓорѓиев јасно се гледа дека за заем од 12 илјади евра, Вице Заев му бара да врати над 40 илјади евра иако Ѓорѓиев има вратено 24 илјади евра.
-Човек како Митко Ѓорѓиев нема ниту грам морален капацитет, а пред се лична одговорност или не дај Боже материјална одговорност. Човекот едноставно си има проблем сам со себе. Знам дека ќе мора кажаното да го докаже на друго место. Инаку овој циркус кој го прави Митко Ѓорѓиев јас го разбирам како класичен рекет, со кој сака да изврши притисок за отпис на долгот, кој реално го должи – тврди Вице Заев, кој додаде дека каматата била пресметана според законите кој важеле во тој период.
Ѓорѓиев додава дека градот Струмица е целиот под контрола на кланот Заеви и сите што се околу нив. Според него не може да се отвори бизнис, ако прво не се помине од кај Заеви.
Погледнете ја целата емисија: