Стево Пендаровски, кандидатот за претседател од редовите на владејчките СДСМ и ДУИ, си го сменил и сопственото име – покажува документот кој беше објавен за време на претходната претседателска кампања, во која тој изгуби од Ѓорѓе Иванов.
Во документот од Службен весник, стои дека во 2004, кога бил назначен за претседател на ДИК, Стево всушност се викал Стевчо. Потоа, тој во своите лични документи го менува своето име.
Овој документ покажува дека Пендаровски е со традиција за менување на имиња. Во меѓувреме тој беше еден од главните протагонисти за промена на името на државата во Република Северна Македонија.
Пендаровски во кампањата тврди дека ќе биде претседател на Република Северна Македонија, од друга страна, кандидатката на здружената опозиција ветува дека никогаш нема да го изговори ова име.