ретседателот на општинскиот органок Куманово на Лекарската комора, д-р Мирослав Бошковски го сподели своето искуство со ковид-19, а сега апелира до сите кои го прележале вирусот да даруваат крвна плазма за да може да помогнат и на други животи.
Бев меѓу првите заразени здравствени работници од Куманово. Прележав ковид-19 со средно тешка клиничка слика, но не беше ни најмалку наивна состојбата, 17 дена бев хоспитализиран на инфективното одделение во општа болница Куманово. Штом помина минималниот задолжителен период од оздравувањето се пријавив во регистарот за донирање рековалесцентна плазма, пред околу 10 дена, но не беа сите анализи завршени за да можам веднаш да донирам, раскажаува д-р Бошковски.
Тој е активен ллен сум на Лекарската комора, и претседател на општинскиот огранок во Куманово. На почетокот на месецот организирале крводарителска акција помеѓу докторите која за жал, морале да ја одложат поради наглиот скок на новозаболени од ковид-19.