Доктор Никола Пановски смета дека јачината на есенскиот бран ќе зависи од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките и препораките на здравствените работници.
Во просторијата ако се создадат аеросоли, ако не се отвораат прозорци, а нема да се отвораат поради студеното време и загадениот воздух, може да се зарази секој присутен во просторијата, особено ако е мала просторијата. Тоа е таа опасност бидејќи може да се заразат десетици луѓе во еден ден.“, рече Пановски.
Во врска со цената на тестовите за корона вирусот, Пановски смета дека државата требала да ги вклучи во системот и да работат по фондовска цена, бидејќи како што вели, вака се тестираат само оние кои имаат пари.
Ако гледате анализи ќе видите дека луѓе со поголеми примања повеќе се тестираат, немаат време да чекаат, за разлика од некои посиромашни кои немаат за леб камоли да помислат за тестирање. Сите лаборатории требаше да се вклучат прво да добијат дозвола да се вклучат во системот и да им биде платено по една пристојна цена, не повеќе од 1500 денари., изјави Пановски.
Пановски апелира граѓаните да ги почитуваат строго мерките, бидејќи единствената разлика која постои помеѓу сезонскиот и корона вирусот, е течењето на нос и губењето на мирис и вкус, но според него вториот симптом се појавува неколку денови покасно што би можело да биде и доцна за да се реагира.