Македонија 26. март 2020. / 18:59

Дојран се отцепи од Македонија: Забрани престој на лица од други општини

Дојран се отцепи од Македонија: Забрани престој на лица од други општини

На сите домашни и странски граѓани на кои оваа општина не им е постојано место на живеење ќе им биде забранет престој, одлучи Советот на Општина Дојран.

Со стапувањето во сила на одлуката за вонредна состојба, драстично се зголемил бројот на граѓани кои пројавиле интерес за  престој во оваа општина вели градоначалникот.

-Не само сопствениците на викенд куќи, туку порасна и бројот на лица кои бараат соби за изнајмување на период од дваесет до триесет дена, вели градоначалникот, Анго Ангов.

Со оваа мерка, вели тој, се намалува миграција од други населени места во текот на епидемијата.

Ваквиот заклучок општината го доставила и до владата на која што и предлага, но и бара да биде донесена одлука која ќе важи се додека трае вонредната состојба во државата.

Членот 27 од Уставот на Република Македонија вели: Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.