Леглата во комерцијалниот и приватниот сектор во Дојран уште од вчера попладне се целосно пополнети, така што од синоќа не може да се најде слободно место. Ова го изјави денеска градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.
Според претставниците на туристичкото биро, на дојранското крајбрежје има преку 10.000 туристи.
Посочуваат дека најголемиот број туристи, се од нашата земја, а во помал број ги има и од странство, особено еднодневни туристи од Грција, кои по посетата на казиното и рестораните покрај езерскиот брег се враќаат дома.