Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски објави на Фејсбук дека додека македонската репрезентација игра ракомет против Словенија, тој и Мицкоски ќе бидат на средба со премиерот на Словенија, Јанез Јанша.
– За пола час заедно со Претседателот Мицкоски се среќаваме со Премиерот на Словенија Јанша, а само што почна ракометниот натпревар Македонија – Словенија на светско. Двете пријателски држави играат, нека победи подобриот. Поздрав од Љубљана, напиша Николоски на Фејсбук.
За пола час заедно со Претседателот Мицкоски се среќаваме со Премиерот на Словенија Јанша, а само што почна ракометниот…
Posted by Aleksandar Nikoloski on Wednesday, January 20, 2021
Истовремено, силите си го одмеруваат македонската и словенечката репрезентација во рамките на Светското Првенство во Египет.