Вчера, во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2022, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје падна светскиот шампион Данска. Иако натпреварот се играше пред празни трибини, сепак дел од функционерите на СДСМ го гледаа во живо од спортскиот центар.
Полицискиот час и празни трибини, но за кого како. Цела ракометна јавност синоќа следеше ракомет пред телевизорите, но едно „друштво“ ракометарите ги гледаше во живо, на трибините. И секако, не им беше проблем да се пофалат на социјалните мрежи.
За ова реагираше народот на социјалните мрежи, а ние ќе издвоиме една од нив.
– Ако сте заборавиле, Чомбе, или директорот на ЗОО Ѓорѓи Галетановски, дослесно ги „политуваше“ и карантините пред една година и со личен пример ја поддржуваше политиката што ја спроведува неговата СДСМ: Не ме гледај што правам, слушај што ти забранувам. Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол. Како бе вака????? Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала, а јас на ТВ?????, коментира на Твитер корисникот со име Скопјанецот.
Пратеникот Каевски, градоначалникот на К.Вода-Темелковски, директорот на ЗОО-Чомбе, директорот на Затвор Шутка-Сокол.
Како бе вака?????
Ако не си функционер ќе гледаш на ТВ? Кој ви дозволи да гледате во сала? Зошто вие гледате од сала а јас на ТВ????? pic.twitter.com/Q6rMPYw05b— SkopjanecoT (@skopjaneco_t) March 11, 2021