„Единствените кои се вработуваат се партиските војници на власта, притоа рушејќи ги сите креитериуми и мерит системот. Додека Царовска се фали на прес конференции, нејзиниот колега Тевдовски прави незаконски вработувања на 6.000 партиски војници“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ станува збор за скандал од невидени размери, во соопштението од партијата додаваат и дека мора да се има кривична одговорност и за министерот за финансии, бидејќи дал согласност за вработувања, а истите не биле предвидени согласно годишните планови.