Во минатите неколку дена беше организирана програма за посетители во Европскиот парламент во Брисел на асистентите во парламентите од западно-источните европски земји во организација на Robert Shuman Institute и ЕРР групата во Европскиот парламент каде што активно учество зеде Филип Добревски од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа посета беа остварени повеќе средби со пратеници на парламентот и нивните асистенти од каде што можеше да се научи многу за работата и функционирањето на Европскиот парламент, но и на парламентите на останатите земји од регионот.