Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ24 утрово изјави дека 33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни.
Тој посочи дека здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Според проф. д-р Пановски најверојатно вакцинирањето од грип е беспотребно годинава.
„Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно“, вели д-р. Пановски.
Според него сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат.
„Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“, рече д-р Пановски.