Македонија 07. март 2021. / 13:21

До денеска, се попишале над 32 илјади лица од дијаспората

До денеска, се попишале над 32 илјади лица од дијаспората

Оваа прва седмица од најголемата статистичка операција се попишани 32752 лица од дијаспората. Иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

– Државниот завод за статистика секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници. Проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, додаваат од Државниот завод за статистика.