Македонија 02. јуни 2020. / 16:06

До четврток одлука за евентуални нови рестрикции

До четврток одлука за евентуални нови рестрикции
Фото: МИА

Комисијата за заштита од заразни болести до четврток треба да донесе одлука во врска со евентуално воведување рестриктивни мерки на одредени подрачја.

Како што кажа министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција, Комисијата ги следи бројките на новозаболени пациенти, по што ќе следува донесувањето на соодветни одлуки.

Дека сите опции се отворени, рече и на вчерашната прес-конференција министерот Филипче.

Православните верници во сабота го слават празникот Задушница, а обичаите налагаат да се посетат гробиштата.