Македонија 24. јуни 2018. / 17:14

До 20 јули ќе биде распишан референдумот?

До 20 јули ќе биде распишан референдумот?

Доколку Владата донесе одлука до крајот на септември да се одржи Референдум на државно ниво, таа треба прво да поднесе иницијатива до Собранието и преку Министерството за правда да го формулира референдумското прашање. Техничките подготовки ќе почнат дури откако Собранието ќе донесе заклучок за одржување референдум, според очекувањата на спикерот Талат Џафери, некаде во втората половина на јули.

Поранешниот претседател на ДИК Александар Новаковски вели дека Законот за референдум мора да претрпи измени, бидејќи не е усогласен со Изборниот законик.

Џафери вели дека, ако е потребно, Собранието може да стигне да ја измени референдумската регулатива.

Според Џафери, изборот на новиот состав на ДИК може да биде веќе наредната недела. Доколку Комисијата за избори и именувања се состане на време, на седницата во вторник може да се стави точката за избор на седумте члена на ДИК: четворица по предлог на владеачките партии, тројца по предлог на опозициските, од чии редови ќе биде и претседателот на Комисијата.