Македонија 30. септември 2018. / 14:51

До 13 часот излезеноста во Маврово-Ростуше 17%, во Врапчиште 11,1%

До 13 часот излезеноста во Маврово-Ростуше 17%, во Врапчиште 11,1%

Во две гостиварски општини Маврово-Ростуше и Врапчиште референдумското изјаснување се одвива без проблеми, а излезеноста е двојно зголемена во споредба со утринскиот пресек, информираат од општинските изборни комисии.

Според ОИК во Маврово-Ростуше до 13 часот на гласачките места излегле 1.665 лица, односно 17,2 отсто од запишаните избирачи. Во Маврово-Ростуше вкупниот број на гласачи изнесува 9.672, кои правото на глас го реализираат на 39 избирачки места.

Во полошката општина Врапчиште, до 13 часот излегле 2.850 што е 11,1 отсто од 25.454 граѓани со право на глас. На територијата на општина Врапчиште во избирачкиот список запишани се 25.454 граѓани кои гласаат на 39 избирачки места.