Новите 166 случаи на позитивни со Ковид-19, забележани во текот на минатото деноноќие од 1.419 тестирања ја зголемија вкупната бројка на заразени со корона вирусот на 11.054 од почетокот на епидемијата.
Во истиот период се регистрирани и четири починати лица, од Скопје, Кичево, Штип и Битола, со што вкупниот биланс на жртви на болеста се искачи на 497. Во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3.675.
Од вкупниот број активни случаи во државава, во Скопје има 1.372, во Штип – 428, во Гостивар – 269, во Куманово – 263, во Тетово – 237, во Струга – 202, во Свети Николе – 165, во Дебар – 118, во Кичево – 105…
Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на Ковид-19.
На Инфективната клиника, во изминатото деноноќие се примени шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Од скопските општини најголем број активни случаи и натаму има во Чаир – 170, по кој следат Аеродром – 156, Кисела Вода – 149, Гази Баба – 139м Центар – 120, Карпош – 120, Шуто Оризари – 111, Ѓорче Петров – 97, Бутел – 87, Сарај – 65, Студеничани – 48, Арачиново – 24, Илинден – 23, Сопиште – 21, Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Зелениково – 8. Има и шест активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.