Коалициите на предвремените парламентарни избори и денеска ја продолжуваат кампањата. Носителите на кадидатските листи и лидерите на партиите ќе го побараат гласот на граѓаните.
Државната изборна комисија на Република Северна Македонија ќе спроведе симулација на процесот на гласање. (во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 27/14:00)
– Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Прилеп (19:00) и општина Маврово Ростуше (20:30)
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Дојран (17:00), општина Богданци (18:00), Валандово (19:00) и општина Гевгелија (20:30), a ќе ја посети и фабриката „Конти“ во Гевгелија при што е предвидено да даде изјава за медиуми (14:00)
– Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова на средба со ОБСЕ (преку платформата Zoom/12:30), трибина „Еднакви права и можности за жените во политиката“ (парк „Жена борец“/14:00)
– Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава на Главната улица до пазарот во општина Шуто Оризари (13:00)
– Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе го посети градскиот пазар во општина Пробиштип, по посетата предвидена е изјава за медиуми (10:00), а ќе оствари и средба со пензионери во пензионерски дом по што ќе следи изјава за медиуми (14:00), потоа ќе оствари средба со граѓани во Злетово, и по средбата ќе даде изјава (15:00)
– Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 4, Александар Николоски, на средба со граѓаните во општина Дојран (17:00), во општина Богданци (18:00), општина Валандово, општина Гевгелија (20:30)
– Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, на средба во Рекорд Гостивар со Фуркан Чако и Ајдоган Демири, при што е предвидено да даде изјава за медиуми (12:45) и презентација на програмата во Градски парк спроти кафе бар People во Гостивар, изјава за медиуми (17:45)
– Претседателот на партијата Левица, Димитар Апасиев и носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 3, Борис Крмов, ќе имаат теренски активности, а воедно и преку медиумите ќе се обратат до јавноста. (на плоштадот Сармаале/13:00).