Коалициите на предвремените парламентарни избори и денеска ја продолжуваат кампањата. Тие ги бараат гласовите на граѓаните преку средби, преку социјалните мережи и преку традиционалните медиуми.
-Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Гостивар (19:00) и општина Делчево (20:30)
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ги посети општина Лозово (17:00), општина Свети Николе (18:30) и општина Велес (20:30)
– Носителот на ИЕ1 проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, Промоција на книга „Македонскиот јазик – континуитет во простор и време“. (пред платото на МАНУ /10:30)
– Трибина „Квалитетно и модерно образование за иднината на Македонија“, говорници: д-р Гордана Силјановска Давкова, Весна Јаневска, Велика Стојкова Серафимовска, Бети Стаменкоска Трајкова, Весна Марковска. (парк на светлината, општина Аеродром/17:00), дискусија со млади (споменик на Гемиџиите, Кеј Димитар Влахов/19:00)
– Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски, во посета на Манастирот Св. Никола во село Љубанци (12:30)
– Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев, посета на пазар во Велес (11:00), посета на спомен куќа на Кочо Рацин (12:30), изјава е предвидено да биде дадена изјава за медиуми (14:00). средба со жителите на општина Лозово (17:00), средба со грѓаните на општина Свети Николе локација градски плоштад (18:30) и средба со граѓани на општина Велес (20:30)
– Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски, изјава за медиуми (12:30), средба со жители (кај О.У „Никола Вапцаров“ Струмица/18:30), средба со жителите на с. Банско (19:30), средба со жителите на с. Куклиш (локација пред домот на Културата/20:30), Трибина со Васко Наумовски на тема „Младинска политика и меѓународни интеграции и перспективи“ (21:30)
– Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска, посета на Шарената Џамија во Тетово, при што е предвидено да биде дадено изјава за медиуми (13:00), средба со бранители во Музејот на Тетово, при што е предвидено да биде дадена изјава (21:00)
Носителот на листа на ГДУ во ИЕ2 Енсер Јусуфовски ќе се обрати нап рес-конференција во паркот пред седиштето на ГДУ, ул. „Скопска“ 9а -1/2, до дирекција на Охридска банка/во 12 часот.