Македонија 29. јуни 2020. / 09:34

Дневна агенда на партиите од предизборната кампања

Дневна агенда на партиите од предизборната кампања

Коалициите на предвремените парламентарни избори и денеска ја продолжуваат кампањата. Носителите на кадидатските листи и лидерите на партиите ќе го побараат гласот на граѓаните. Дел од партиите ќе одржат само прес-конференции.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска ќе се претстават во Јегуновце (15:30), Брвеница (17:00), Ѓорче Петров (18:30) и Куманово (20:30)

СДСМ со коалицијата „Можеме“ денеска ќе ги посети општините Гевгелија (19:00) и Арачиново (20:30).

Дел од партиите ќе одржат и прес-конференции, како ГДУ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и проф. д-р Јове Кекеновски, носител на листа за пратеници од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија” во ИЕ 2, со дел од кандидатите за пратеници.