Македонија 06. септември 2019. / 16:43

Дивоградбите во Охрид ќе се рушат за неколку дена

Дивоградбите во Охрид ќе се рушат за неколку дена

Aкцијата за рушење на довоградбите се брои во денови. Наскоро стартува акцијата за рушење на дивоградбите во Охрид.Градоначалникот Георгиески им даде рок од десетина дена на сите оние кои добиле решенија сами да си ги отстранат нелегалните градби, пренесува Сител.

Тој истакна дека измина перидот на преговори и молења со сопствениците на угостителските објекти и најави дека ќе се уриваат не само платформите туку и дивоизградените тераси и објектите.

По однос на забелешките од страна на угостителите кои побараа повлекување на одлуката за отстранување на платформите и нивна легализација, градоначалникот им порача од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор за целокупните објекти додавајќи дека овој проблем ќе се реши откако крајбрежјето на езерото ќе се врати во првобитна состојба.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.