Македонија 22. февруари 2019. / 17:51

Директорот на СОЗР во Влада забрани Фејсбук и Инстаграм: Никој ништо не работи!

Директорот на СОЗР во Влада забрани Фејсбук и Инстаграм: Никој ништо не работи!

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и другите социјални мрежи на вработените оти, како што вели, тие наместо да работат, си пишувале статуси и се снимале за да објават на интернет. Тој смета дека со оваа забрана ќе ги дисциплинира вработените во СОЗР, објави „Макфакс“.

Ги поминаа сите граници, никој ништо не работи. Јас, како прв човек, знам што се случува. Знам дека вработените постојано имаат отворено Фејсбук и пишуваат статуси додека се на работа. Знам точно што сум исклучил. Јас правам цело време проверки, ова не е првпат да има ваков проблем, тој постојано се провлекуваше. Се снимаат додека се на работа за да објават на социјалните мрежи. По 16:30 часот нека прават што сакаат, ама по работното време“, вели Мирчески за „Макфакс“.