Македонија 01. ноември 2020. / 22:21

Директорот на Пазарниот инспекторат позитивен на Ковид-19

Директорот на Пазарниот инспекторат позитивен на Ковид-19

Директорот на Државниот паразен инспекторат, Стојко Пауновски, е позитивен на коронавирус, информираше тој преку својот Фејсбук профил.

Тој вели дека иако ги почитувал мерките уште од самиот почеток на епидемијата, вечерва добил поизитивен резултат на новиот коронавирус.

Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Посакувам брзо оздравување на на сите заболени граѓани и негативен тест на сите кои се во самоизолација.Чувајте се, напиша Пауновски.