Откако претходно сонцето од Кутлеш и пречеше на директорката на основно училиште во Струга каде истото беше нацртано на игралиштето, сега веќе на истата и сметаат и коментарите на социјалните мрежи, објави Курир.
Од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во Струга велат дека директорката на ООУ ,,Јосип Броз Тито”- Струга, Лидија Гогоска (кадар на СДСМ) им дала наредба на служителите да го уништат македонскиот симбол – сонцето од Кутлеш од спортското игралиштe.
Сепак наредбата да се отстрани знамето од игралиштето не престанува тука, директорката започна да се заканува и преку социјалните мрежи. Освен тоа таа ги нападна и навредуваше граѓаните со свои коментари на социјалните мрежи, пишува Курир.
Дел од истите се во продолжение.