Грција влегува во дипломатска офанзива за да ги освои симпатиите на новите советници на претседателот на САД, Доналд Трамп, анализира весникот Катимерини.
Новиот советник за безбедност на претседателот на САД, Џон Болтон и новиот државен секретар Мајк Помпео, претставуваат енигма за Атина, затоа што МНР на Грција како новите кадровски решенија ќе се постават во спорот со името.
Претходно Атина имаше воспоставено силни врски со опкружвањето на Трамп, кои според анализата на Катимерини сега треба одново да се воспостават.
“Последните промени во тимот на претседателот на САД, назначувањето на Џон Болтон како нов советник за национална безбедност и Мајк Помпео за нов државен секретар, значат дека Атина треба повторно да влезе во офанзива за освојување на Вашингтон. Треба да се направи се за да се спречи соседот (н.з. се мисли на Македонија), да воспостави добри релации, затоа што оваа земја сеуште има некакво политичко значење.”, пишува Катимерини.
Весникот потсетува дека претходно Грција имаше историски најдобри односи со САД, ако се земе предвид дека премиерот Алексис Ципрас беше примен од Трамп со највисоки почести а претходно во неколку навреди имаше ситуацијависоки претставници на САД да ја посетат Атина.
Според анализите на грчките медиуми, новите советници на Трамп се наклонети кон “словените” и токму затоа е потребна саботажа на сите линии кои Македонија може да ги воспостави.