Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски постави прашање која е причината и зошто е толкавото брзање на СДСМ и сите притисоци кои што ги прават врз Собранието, само за да се донесе закон по скратена постапка со одложено дејство од четири и пол месеци?
Прво, насила се обидуваат да донесат закон во скратена постапка, со европско знаменце, за да ја завршат процедурата во два дена, а Законот предвидува одложена примена од четири и пол месеци. Нашето прашање е, и така нема да се применува законот во тие четири и пол месеци, зошто да не оставиме експерти да го напишат законот ?Во тие четири и пол месеци, навистина може експерти да напишат закон за кој што ние како политичка партија се произнесовме дека, бланко, со целосна доверба кон експертската јавност, ќе прифатиме закон без ниту една забелешка, доколку го пишуваат експерти, рече Димовски на прес-конференција во Собранието.