Македонија 10. септември 2020. / 12:39

Димовски за настаните од 27 април: Немав никаков контакт со Јанакиески и Ристовски

Димовски за настаните од 27 април: Немав никаков контакт со Јанакиески и Ристовски

Изборот на Талат Талат Џафери на 27 април не беше легитимен, смета поранешниот пратеник Илија Димовски.

Тоа не беше седница, бидејќи за да се одржи седница има неколку предуслови и подготовка. Во тој ден немав никаков контакт со Миле Јанакиески, објасни Димовски на прашање на адвокатот Александар Новаковски.

Димовски рече дека немал никаков контакт тие денови ниту со обвинетиот Спиро Ристовски.