Анализата и дебатата во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител покажа дека граѓаните сметаат дека пратениците моментално не се блиску до народот.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој учествуваше во дебатата заедно со Мухамед Зекири од СДСМ, изјави дека ако е целта пратениците да се однесат поблиску до граѓаните за да се направат поактивни и поодговорни, тогаш давањето на една изборна единица е погрешна.
-Ако сакаме пратениците да ги однесеме поблиску до граѓаните и да ги направиме поактивни и поодговорни тогаш давањето на една изборна единица е погрешна. Нашиот предлог е да ги вратиме пратениците таму од каде што доаѓаат и да одиме со еден систем којшто го имавме на почетокот на 90тите години, а тоа е 120 изборни едини по принципот на мнозински ситем каков што има Велика Британија, Канада, САД, со плурално гласање, оној којшто ќе добие во првиот најмногу гласови ќе стане пратеник. Значи, најсилни демократии во светот го имаат тој систем.
Димовски посочи дека модел со една изборна единица има само во Холандија и Словачка. Секаде каде што има пропорционален модел има и праг за влез за влез во парламентот. Тој се движи од 4 до 5%, што во постоечкиот случај го нема , што говори дека би се изгубила демократичност. Дополнително Димовски посочи дека со преференцијалното гласање може да даде ситуација на елитизација на веќе популарните јавни личности со што кандидатите од помалите места ќе имаат мала можност да влезат во Парламентот
Димовски рече дека од тоа ќе се добие конекција и одговорност на пратеникот со граѓанинот, каде што ќе се застапуваат интересите на општините од каде што се избрани.
Анкетата на граѓаните направена од страна на „Детектор“, покажа дека желба на граѓаните е да се децентрализира моќта и политичарите да се повеќе помеѓу народот, на што пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илја Димовски, се повика и рече дека народот и неговата партија се на иста страна и делат исто мислење за мнозинскиот изборен модел.