Македонија 24. февруари 2020. / 20:52

Димовски: СЈО ме уценуваше да гласам за промена на името!

Димовски: СЈО ме уценуваше да гласам за промена на името!

Не се обвинувања,  јас на своја кожа го почувствував тоа, нема кај кого да го пријавам случајот, изјави екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во телевизија Телма коментирајќи го денот на гласањето на уставните измени и предметите кои СЈО ги води против него.

Тој посочи дека некој проценил дека Димовски може да биде притиснат и ќе гласа за промена на името на државата.

Предметот Талир за да ви одговорам директно беше поднесен утрината на денот кога беше второто гласање во Собрание за промена на уставното име и беше директен притисок врз мене за да гласам за промена на уставното име. Значи сабајлето беше поднесен, вечерта беше гласањето за уставното име. Што се случило во меѓувреме и ден претходно и два дена претходно јас знам. Ако се поччитувал законот за СЈО тој предмет не ни смеел да се поднесе затоа што беше надминат законскиот рок од 18 месеци, но поднесен истиот ден кога се гласаше промената на уставното име. Некој проценил притисни го Илија ќе гласа за уставните измени, рече Димовски.