Македонија 18. ноември 2020. / 11:26

Димовски предлага: Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев да ги водат разговорите со Бугарија!

Димовски предлага: Благој Ханџиски и Марјан Ѓорчев да ги водат разговорите со Бугарија!

Република Македонија во Софија секогаш имала прекрасни и мудри луѓе за амбасадори, луѓе кои се ерудити, интелектуалци… Двајца од нив, за жал, повеќе не се помеѓу нас, Љубиша Георгиевски и Абдурахман Алити…
Но, последните двајца се живо интелектуално богатство за Македонија…, напиша поранешниот пратеник Илија Димовски.

Луѓе кои не само што се експерти во своите области, туку се и извонредни познавачи на македонската историја и борбата на македонскиот народ за своја културна и јазична самобитност…
❗❗❗Професорот Благој Ханџиски и господинот Марјан Ѓорчев оставиле траен траг во градењето на македонската држава во деведесетите, едниот како генерален секретар на СДСМ, другиот како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ…
❗❗❗Да предложиме на Владата, ако сакаме доверба, градење на национална позиција, интелектуална силина и храброст, токму овие двајца луѓе да ги водат разговорите со соседна Бугарија… Да видиме дали Владата и Собранието сакаат квалитет, ум, мудрост и патриотизам, или сакаат гол политички натпревар.
Да покажеме еднаш дека знаеме да се обединиме и да градиме национална стратегија, напиша Димовски

 

Република Македонија во Софија секогаш имала прекрасни и мудри луѓе за амбасадори, луѓе кои се ерудити,…

Posted by Ilija Dimovski on Wednesday, November 18, 2020