Македонија 24. февруари 2019. / 22:43

Димовски: Оваа седница е неразумна работа, штом нема предлог на комисијата не треба да се стави на дневен ред

Димовски: Оваа седница е неразумна работа, штом нема предлог на комисијата не треба да се стави на дневен ред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната собраниска седница посочи дека кога се носи одлука во Собрание претседателот на собранието треба да побара гласање по одлуката на комисијата, а сега Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања нема став и токму затоа оваа седница е бесмислена и неразумна.

Досега секогаш комисијата носела одлука и донесувала одлука и таа одлука ја доставувала до Собранието,  но овој пат вели дека комисијата со 4 гласа за и 4 против не зазеде став. Тоа значи дека на пленарна седница она што на крај Талат Џафери треба да прочита е дека заклучокот на комисијата е ставено  на гласање, а сега што ќе стави на гласање, запраша Димовски.

Димовски истакна дека Собранието работи и дејствува со работни помошни тела кои ги подготвуваат заклучоците

Оваа седница е неразумна работа, штом нема предлог не треба да се стави на дневен ред, нема точка.  Во ваквите случаеви секогаш без разлика кој е претседател на Собрание секогаш, во ваква расправа се става на ред на гласање заклучокот на комисијата, сега што ќе стави дека комисијата не зазеде став, вели Димовски.

Тој нагласи дека ако се држи Џафери до деловникот на крај ќе стави гласање по тоа дека комисијата нема став и никој нема да знае за што се гласа.