Велевме дека договорот е асиметричен и не се еднакви правата и обврските на двете страни.. Македонија ги има сите обврски, а Бугарија сите права, потсетува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.
– Член 11, точка 5 само на Македонија и забранува да се изјаснува или да побара фер третман, па дури и во согласност со европските стандарди, за граѓаните на Бугарија кои се чувствуваат како Македонци, вели Димовски.
АСИМЕТРИЧЕН ДОГОВОР
Велевме дека договорот е асиметричен и не се еднакви правата и обврските на двете…
Posted by Илија Димовски on Monday, November 9, 2020
Тој посочува дека Бугарија ја нема таа забрана и има право да се меша, па дури и вака “благо” да се заканува на Македонија за правата на граѓаните на РМ кои се чувствуваат за Бугари…
– За жал, се е по слово на Договорот, а нашата дипломатија беше неука и несвесна за реалноста. Ќе си имаме мака уште долги години, истакнува Димовски.