Македонија 15. јануари 2021. / 18:15

Димовски: Ќе беше поедноставно ако не ја одбиевте ЕЕЗ и работевте во интерес на граѓаните и националните интереси

Димовски: Ќе беше поедноставно ако не ја одбиевте ЕЕЗ и работевте во интерес на граѓаните и националните интереси

Откако претседателот Стево Пендаровски се премисли за членство на Македонија во Европската економска зона, екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека се ќе беше поедноставно ако претходно не се одбиеше поканата и властите ја призннаеја грешката која ја направија.

Димовски потенцира дека власта е кусогледа, а од политика разбира само агресивности, прогон и навреди кон политичките конкуренти, додека  во исто време ги промашува сите стратешки интереси и ги троши сите национални вредности.

Се ќе беше поедноставно, ако:
1. Не сте ја одбиле поканата за ЕЕЗ (Евопска Економска Зона);
2. Кога веќе сте ја одбиле, да признаевте грешка и веднаш, пред неколку месеци, да сторевте активности кои се неопходни и кои ви беа предложени.
Вака, ви требаше неколку месеци да признаете дека сепак патеката кон Европа ќе мора да ја гледате и низ призмата на секојдневните интереси на нашите граѓани (економски, образовни, социјални, културни, транспортни,…) повеќе и пред вашите политички теории и интереси на тесната политичка елита околу вас…
Значи, господа од власта:
– кусогледи сте;
– од политика разбирате само агресивност, прогон и навредеи кон политичките конкуренти;
– ги промашивте сите стратешки интереси;
– ги потрошивте сите национали вредности;
– мислејќи дека ги решавате проблемите со соседите, создадовте нови, многу поголеми…
Никој за ништо нема да ви гарантира, ако сами не го одработите, а работа не значи отстапување од националните симболи, име и идентитет.., напиша Димовски на ФБ.

Се ќе беше поедноставно, ако:
1. Не сте ја одбиле поканата за ЕЕЗ (Евопска Економска Зона);
2. Кога веќе сте ја одбиле,…

Posted by Илија Димовски on Петок, 15 јануари 2021