Пратеникот oд редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски смета дека Катица Јанева во врска со случајот „Рекет“ треба да проговори јавно во судскиот процес за целата афера.
–Јас сметам дека Јанева во овој момент, покрај проблемите кои ги има во судските процеси, има едно граѓанско право – да проговори јавно. Да каже кој би сценатор за злупотреба на институцијата СЈО. Да каже за делот со уцена на политичари, барање за услуги за политичари и политички партии – смета Димовски.