Македонија 08. март 2021. / 20:10

Димовски ја спореди Македонија со земјите од регионот: Албанија подобра за странски инвестиции, Косово подобро се справува со короната

Димовски ја спореди Македонија со земјите од регионот: Албанија подобра за странски инвестиции, Косово подобро се справува со короната

Вечерва пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски гостуваше на Телевизија 24 и тој ја спореди Македонија со земјите од регионот. Според него Албанија е подобра за странски инвестиции, Косово подобро се справува со короната, а Србија и Бугарија за нас се научна фантастика.

– Ние во споредба со Косово послабо се справуваме со короната, ние во споредба со Албанија сме четири пати послаби кога станува збор за странските инвестиции, Србија и Бугарија за нас се научна фантастика, ние имаме економски реални параметри кои покажуваат огромно неснаоѓање и слабост, а Заев е свесен дека продолжување на вакво владеење со 62 пратеници со вакви потрошени министри, каде главните постулати доброседството и европските интеграции не му успеваат, сега приоѓа со „меко приземјување “, за широка Влада, вели Илија Димовски поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Телевизија 24.

Димовски истакна дека гарантира дека ако не оваа есен, државата веќе следната година ќе има предвремени парламентарни избори, затоа што ние како држава во 2015 година имавме економски параметри кои беа академија на науки, во споредба со овие сега како од основно училиште.

-За два месеци има 90 милиони евра дупка надвор од проектираниот дефицит, значи многу повеќе од проектираното , а за две и пол милијарди е апсолутната бројка на задолженост зголемена, а на дело немаме ништо, критикуваше Димовски.