Македонија 18. јуни 2019. / 22:07

Димовски до Заев: Да промениш име за тапшање и неколку убави зборови од ЕУ е промашена стратегија

Димовски до Заев: Да промениш име за тапшање и неколку убави зборови од ЕУ е промашена стратегија

Пратеникот Илија Димовски на својот Твитер профил објави статус поврзан со одбивањето на Македонија за отпочнување на преговори со ЕУ.

Да потпишеш договор како оној од Нивици и за возврат да добиеш само тапшање и неколку убави зборови од ЕУ (што и беше причина за договорот и референдумот) е доволна причина да признаеш промашена стратегија. Лани ни одложија за една година, годинава за пола, напиша Димовски.