Македонија 05. ноември 2019. / 22:57

Димитровски: Оваа влада прави елитистички а не популистички потези!

Димитровски: Оваа влада прави елитистички а не популистички потези!

Новинарот Зоран Димитровски во денешното гостување во емисијата Отворено, истакна дека власта прави погрешни потези и воведува елитистички мерки, наместо популистички.

Овие епски теми ќе продолжат на ниво на оцрнување на политичкиот противник. Сега немаме поделба на добро и зло, граѓаните гледаат дека злото е присутно во двете структури. Секоја партија пред изборите правела популистички мерки, а сега оваа влада прави елитистички потези, смета Димитровски.

Првиот е откажувањето на прогресивниот данок со кои смета Димитровски дека и одговара на бизнис заедницата.

Вториот елемент е обвинување на опозицијата дека игра на проруски методи. Според него има многу лажни вести за Мицкоски дека е проруски насочен. Тој смета дека да се лепи некому руска етикета е контрапродуктивно. Тој смета дека ВМРО-ДПМНЕ доколку дојдат на власт ќе му се одмаздат на ДУИ со коалицирање со помалите албански партии. Ако коалицираат со ДУИ, истите коруптивни политики ќе продолжат, пак бројките ќе бидат тие кои одлучуваат.