Македонија 08. ноември 2018. / 20:38

Димитров за Тагесшпигел: Во 2019 година очекуваме почеток на пристапните разговори со ЕУ

Димитров за Тагесшпигел: Во 2019 година очекуваме почеток на пристапните разговори со ЕУ

Со оглед на напредокот во спорот со името со Атина, министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров за германски Тагесшпигел вели дека смета дека пристапните разговори за ЕУ ќе отпочнат во 2019 година.

-Со оглед на нашите успеси, сакаме да постигнеме, на земјите членки на ЕУ да им е скоро невозможно, да не постигнат консензус за почетокот на пристапните разговори- рече Димитров во своето интервју за Тагесшпигел.

Но, за Македонија, процесот на пристапување кон ЕУ е поважен од возниот ред, додава тој и вели наша највисока цел не е пристапувањето кон ЕУ, заради самото тоа, туку ние сакаме да го искористиме процесот на пристапување, за да ја направиме земјата европска.

Димитров, меѓу другото во четвртокот во Берлин се сретна со сојузниот министер за надворешни работи Хајко Мас.

Мас, по средбата со својот македонски колега, оддаде признание за напредокот на земјата од Балканот.

-Македонската Влада силно се заложи да го реши спорот за името со Грција- истакна Мас за Тагесшпигел.

-Да се имплементира историската спогодба, навистина е голем чекор, кај кој Скопје постигна вистински напредок- вели Мас.

Тој го охрабрил Димитров, по овој пат да чекори одлучно, но и внимателно. Според Мас, ако се реши спорот со името, ќе отпадне една одлучувачка пречка за натамошното приближување кон ЕУ и НАТО.

-Ова е историска шанса, која земјата сега мора да ја искористи- заклучува Мас.

Дали Спогодбата за преименувањето на Македонија ќе стапи на сила, зависи и од Грција, и Парламентот во Атина мора да се согласи со Договорот, според Димитров, како Владата во Скопје, така и во Атина, силно се залагаат да го затворат поглавјето на 27-годишниот спор за името.

Во однос на собраниската процедура за уставните измени, Димитров убеден дека и кај завршното гласање во Собранието ќе биде обезбедено потребното двотретинско мнозинство.

-Во редовите на опозицијата има како поддржувачи, така и противници на измената на Уставот- вели тој.