Македонија 19. јули 2018. / 15:06

Димитров утре и задутре во посета на Косово

Димитров утре и задутре во посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на 20 и 21 јули 2018 година, ќе престојува во официјална посета на Република Косово каде што ќе се сретне со првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Косово, Беџет Пацоли, а ќе биде примен и од претседателот Хашим Тачи, како и од премиерот Рамуш Харадинај.

Како што соопшти МНР, се очекува разговорите да бидат посветени на прашања од билатералните односи меѓу двете земји, како и перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучувајќи ја економската размена, трговијата и инфраструктурното поврзување.

Исто така, ќесе разговара и за перспективите на состојбите во регионот и неговото интегрирање во европските и евроатлантските структури