Македонија 19. март 2020. / 13:36

Димитров контра Османи: Работата сo ЕУ уште не е завршена до крај за отворање преговори

Димитров контра Османи: Работата сo ЕУ уште не е завршена до крај за отворање преговори

По утринската изјава на Османи дека „постојаните претставници (амбасадорите) на земјите членки на ЕУ доцна вечерта по полноќ постигнале консензус за започнување преговори со Македонија“ и изјавата на Димитров дека „работата се уште не е завршена“, министерот за надворешни работи на виртуелната прес-конференција со германскиот министер за Европа, Михаел Рот, го доби следното прашање од новинар на „Дојче Веле“:

Постои дискрепанца, Османи рече дека добиваме зелено светло за почеток на пристапни преговори со ЕУ, додека нешто поразлично слушаме од вас и министерот Рот на денешнава прес конференција“.

Димитров одговори дека вечерта имал контакти со Париз, разговарал со канцеларијата на канцеларката Меркел во Берлин, со претседавачот на Советот за општи работи во Загреб, имал контакти и со Холандија, по кои неговата оценка е дека „ситуацијата е многу изгледна, меѓутоа не е докрај завршена работата и се’ уште е во процес“.

Денеска дебатата на КОРЕПЕР (тело во кое седат амбасадорите на земјите членки) продолжува попладнево и консензусот, работата не е докрај завршена. Има големи изгледи и позитивни сигнали од огромно мнозинство од земјите членки, меѓутоа текстот и дебатата не е докрај завршена и КОРЕПЕР не е тело што носи политички одлуки, рече Димитров.