Никола Димитров продолжува со неговиот шерифски однос во водењето на надворешната политика и со флагрантното кршење на Законот за надворешни работи.
Заборава ли Димитров или така му чини алот дека согласно Уставот и законот тој како министер само УЧЕСТВУВА во креирањето на надворешната политика на државата во соработка со Владата, а во тесна корелација со претседателот на Републиката и Собранието на РМ?
Заборава ли Димитров или толку знае дека тој како министер НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ без консултација со претседателот на Републиката да води преговори за името на државата, а уште помалку смее да си дозволи ДА НЕ ГО ИНФОРМИРА претседателот на Републиката за целиот процес во кој е тој вклучен и за сите активности што ги лрезема, заборава или навистина не знае дека НЕ СМЕЕ и НЕ МОЖЕ самостојно да одлучува во име на државата да презема чекори за протерување странски дипломати, заборава или не знае дека НЕ МОЖЕ и НЕ СМЕЕ самостојно, па дури и во име на Владата да зазема ставови за одредени клучни надворешно-политички прашања вклучително и посебно за прашања од безбедносен и одбранбен аспект, а кои произлегуваат од меѓународните односи.
Заборава или навистина е труп во правна смисла дека тој како министер и Владата во која тој министерува СЕ ДОЛЖНИ надворешната политика и вршењето на надворешните работи да ги СПОДЕЛУВА со Претседателот на РМ и со Собранието на РМ, и дека ниту министерот, ниту Владата имаат надлежност ексклузивно да
спроведуваат чекори во оваа област без тесна соработка со претседателот на државата и Собранието.
Го прочитал ли законот за надворешни работи Димитров и знае ли дека тој НЕ Е ШЕРИФ во системот, туку напротив последна алка во системот на водење на надворешната политика.
Знае ли Димитров дека министер за надворешни работи е чиновник во Владата која Е ДОЛЖНА за сите надворешно-политички прашања од значење за државата да ИМА ПОСТОЈАНА СОРАБОТКА и да одлучува заедно со претседателот на РМ?
Има ли воопшто поим дека согласно Уставот на РМ но и согласно законот, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ е тој што има право и обврска ДА ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА во меѓународните односи, не Димитров министерчето, дека претседателот Иванов заедно со Владата на рамноправна основа треба да учествува ВО КРЕИРАЊЕТО НА НАДВОРЕШНАТА политика, да ги утврдува општите насоки на надворешната политика, посебно во случаи кога станува збор за прашања што имаат импликации врз безбедноста и одбраната на земјата.
Вчерашната твитер комуникација на Димитров и информање на јавноста дека тој, во контекст на Владата, донел одлука за протерување на руски дипломат заради зачувување на безбедноста на државата, а без никаква согласност, ниту информирање на Иванов Е СКАНДАЛОЗЕН ЧИН без преседан во македонската историја на водењето на надворешна политика.
Како што тајно си ги води преговорите за името, така тајно си одлучува кои дипломати ќе ги протера од земјата!
Димитров очигледно го изгуби правниот компас и залута во вселената!
Димитров се однесува како Алиса во земјата на чудата!
Опозицијо, Македонски граѓани, ПОД ИТНО да се институционализира барање за ИНТЕРПЕЛАЦИЈА на Димитров и секако барање за НЕГОВА НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА!!!
Ваков башибозлук во водењето на надворешната политика Македонија НЕ ПАМЕТИ!