Станува збор за монтиран случај – за кој ќе ги превземам сите правни дејствија, вели градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во изјава за тв Телма, откако директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова-Бухова, соопшти дека во неговиот случај се утврдени серија прекршувања на законите и процедурите.
Димитриевски вели дека не станува збор за политичка пресметка, туку за различни ставови на Општинскиот кризен штаб и Кризниот штаб со кој раководи Филипче. Дополнинително Димитриевски порачува дека не треба да се ловат вештерки во здравствениот систем кој надлжените сами го поставиле погрешно.
-Јасно е дека надлежните институции направија многу пропусти, прекршија низа закони, пред се, со објавување лични податоци, во овој случај. Тоа што беше објавено денеска не е точно и за се имаме соодветна документација. Надлежните немаат потреба да бркаат вештерки во системот што самите не го поставиле како што треба да биде. Ова е, повеќе од јасно, класичен монтиран случај за кој ќе ги преземам сите законски дејства. Ќе ги почитувам одлуките на институциите, вели Димитриевски.
Нначинот и условите во кои се земале брисовите на кумановскиот градоначалник Димитриевски и на останатите членови на кризниот штаб, неправењето епидемиолошки анкети, како и транспортот од страна на Итната медицинска помош до приватни лаборатории во Скопје, се дел од неправилностите кои се утврдени за време на двата вонредни инспекциски надзора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), изјави денеска директорката на институцијата Ирена Бухова.