Откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа на гостување во една од телевизиите, го нарече неговиот колега од Куманово Максим Димитриевски, неспособен и лицемерен.
На прашање на Алфа како ќе ја искоментира ваквата квалификација, Димитриевски одговори дека нема време да коментира такви промискуитетни ставови.
– Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово, рече Димитриевски за Алфа.
Колку за потсетување, Димитриевски е против менувањето и отстранувањето на таблите во духот на Договорот за добрососедство со Бугарија.