Македонија 05. февруари 2021. / 13:36

Димитриев: ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните од 27 април

Димитриев: ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните од 27 април

За собраниските настани денеска сведочеше поранешниот технички премиер Емил Димитриев.

Тој истакна дека како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ немало одлука за поддршка за протестите и оти ги поддржувале само пораките од протестите.

Toј истакна дека на 27 април немал никаква комуникација со Вељаноски, Ристовски и Јанакиески

Како претседател на техничката влада рече дека едвај чекал да заврши бидејќи била нефункционална и со блокирано Собрание.

Настаните од 27 aприл ѝ нанесоа голема штета на државата и фрлија црна дамка. Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ беше најголем губитник од настаните, рече Димитриев.