Македонија 18. декември 2020. / 10:35

Димитриеска-Кочоска: СДСМ вриштеа дека администрацијата е превработена, а сега вработува повеќе

Димитриеска-Кочоска: СДСМ вриштеа дека администрацијата е превработена, а сега вработува повеќе

Пред неколку години вриштеа на ниво на хистерија дека администрацијата ни е превработена, но денес имаме ситуација кога во администрацијата се вработува повеќе и повеќе. Ова е лицемерно, а дополнително во буџетот за 2021-ва година тие велат “ќе спроведеме ефикасна администрација базирана на дигитализација“. Дигитализација и зголемен број на вработени?!

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Со неа, меѓу другото, разговаравме за целата економска состојба, како и за буџетот кој Владата на СДСМ го проектира за следната година.

Во 2019-та година 228 милијарди денари буле вкупните расходи, а за разлика од тоа во 2021-ва година се 247 милијарди имаме поголеми расходи. Тоа можеби не би било страшно во услови на корона-криза доколку парите се наменуваа за здравство или повторно помош на економијата. Но, ние немаме таква ситуација. Ќе тргнам од податокот за плати и надоместоци. Расходите за плати во рамки на буџетот на 2020 и 2021 година се зголемени за 61 милион евра. Нели е лицемерно да зголемувате толку администрација? Најодговорно велам бројот на администрацијата се зголемува бидејќи ние не слушнавме дека некој има зголемена плата добиено, дури во месец март тие планираа платите да ги намалат. Сега ние зголемуваме администрација, пред неколку години вриштеа, истакна таа.

Според Димитриеска Кочоска ова е еден од најголемите проблеми кои се случуваат во новите буџети во Македонија.

Целото интервју можете да го погледнете на Курир.мк.