На денешното рочиште сведочеше адвокатот Васил Димишков како сведок на одбраната на Бојан Јовановски.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски го запраша сведокот дали го познава Владимир Ефтимовски кој бил директор на Стопанска банка Битола. Тој одговори потврдно бидејќи бил нивен адвокат.
Во август 2018 година Димишков и Ефтимовски имале средба на која директорот му рекол на адвокатот дека Камчев сака да се видат на што сведокот рекол дека нема ништо против. Средба имале во комплексот „Систина“ и Камчев му покажал документи во телефонот на кој пишувало некаква наредба и потпис на неговата сестра Весна.
Камчев сакал да го вклучи во тимот, но сведокот побарал од бизнисменот објаснување што точно бара од него.
Но иако му ветил дека повторно ќе се видат до средба меѓу нив не дошло.
Откако на Камчев му бил одреден притвор на Камчев, Зоран Милевски го прашувал адвокатот како може да се помогне и за тоа Димишков сепак да биде ангажиран. Димишков имал средба и со сопругата на Орце, Ана. Таа му објаснила дека сакаат да го зголемат тимот на бранители и оти имаат намера да го ангажираат. Димишков и рекол дека тоа е нереално поради кратките временски рокови.
Сепак Димишков се премислил и направил пресметки колку ќе чини неговиот ангажман иако знаел дека сакаат да го ангажираат поради судијата која во тој случај би била изземена од тој случај.
-Проценив дека не би требало да бидам бранител во предметот. Од тие причини на Милевски му кажав сума која за нив нема да биде прифатлива. Откако ја кажав веќе никој не ми се јави, објасни Димишков.