Македонија 28. април 2020. / 19:30

Арсовски: Коста Петров, ова не е евровизија, туку реален живот во кој вашата влада украде 120 милиони евра

Арсовски: Коста Петров, ова не е евровизија, туку реален живот во кој вашата влада украде 120 милиони евра

Господине Коста Петров, ова не е шоу бизнис на каков што сте навикнати и од каде доаѓате, не е ниту евровизија туку реален живот во кој што жиеват граѓаните на Република Македонија, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски прашан за коментар во однос прес конференцијата на Коста Петров.

-А, во тој живот, вашиот партиски шеф и вашата влада првите три месеци од годинава украдоа од буџетот 120 милиони евра за корумпирање мислејќи дека ќе има избори и го задолжи секое семејство за дополнителни 15 илјади денари, додаде Арсовски.

Портпаролт на ВМРО-ДПМНЕ го потсети Коста Петров дека во тој реален живот владее, како што рече, „и трас-трас судство и корумпирано обвинителство кое го создаде и состави твојот лидер Зоран Заев“.

-СДСМ грчевито се бори за противправното земање на пари на рекетарското СЈО и од петни жили се труди рекетарската дружина на чело со Катица Јанева и нивните роднини вработени во администрацијата да земат награди од над 2 милиони евра во услови на корона пандемија, рече Арсовски.

Затоа, додава тој,  ВМРО-ДПМНЕ поднесе преставка пред Уставниот суд и судот не може да донесе никаква поинаква одлука освен да го почитува правото како што налага.

-И Коста Петров и Зоран Заев треба да знаат дека се повеќе луѓе во државата се охрабруваат и се спротивставуваат на диктатот и лудилото на оваа власт на СДСМ која што за многу брзо ќе биде сменета, потенцираше Арсовски.