Убедлива победа на опозицијата на денешните претседателски избори, покажува финалниот резултат на ДИК.
Имено, 398.623 гласови освоиле кандидатите на опозицијата во македонскиот и албанскиот блок, Блерим Река на БЕСА и Алијанса на Албанците и Гордана Сиљановска Давкова на ВМРО-ДПМНЕ.
Според прелиминарните резултати од 99,85% преброени гласови, во првиот круг кандидатот на СДСМ, ДУИ и ДПА, Стево Пендаровски е прво ппласиран со само 0,6% (4522 гласови) предност пред второ пласираната Гордана Сиљановска Давкова. Сиљановска освоила 318.811 гласови или 42,24%, а Пендаровски 323.333 гласови, или 42,84%. Блерим Река, од опозициските АА и Беса освоил 79.812 гласови, или 10,58%.
Овој резултат говори дека опозицијата на овие избори убедливо води пред власта. А ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска, сами, имаат само 0,6% помалку гласови од СДСМ, ДУИ и уште 30 партии, кои на претходните избори броеа над 600.000 гласпои.
Сиљановска е убедлив победник во сите места во кои живеат етнички македомнци, што може да се погледне на мапата. За прв пат, по подолго време, ВМРО-ДПМНЕ победи и во Скопје.
Забележително е што и покрај кампањата за бојкот на изборите, на дел од радикална десница, излезноста беше над 40%, изнесува, 41,8%. Во исто време, забележителен е огромен број на неважечки ливчиња, скоро дупло повеќе од претходниоте изборни циклуси, сега имаше дури 32.771 неважечки.