Македонија 07. август 2018. / 13:26

ДИК ќе одржи седница за измена на роковникот за референдумот

ДИК ќе одржи седница за измена на роковникот за референдумот

Државната изборна комисија попладнево ќе одржи јавна седница на која треба да ја разгледа и усвои Предлог Одлуката за изменување на роковникот, бр. 12-1402/1 од 01.08.2018 година, за извршување на дејствијата за спроведување на есенскиот референдум за Договорот со Грција.

Меѓу прашањата на дневен ред се и разгледување и усвојување на Предлог Финансиски план за распределба на средства за референдум на државно ниво, на Предлог Годишниот план за вкупните потреби за јавни набавки во 2018 година, како и на Предлог Известувањето за постапките за спроведување на јавните набавки.

Треба да биде разгледана и усвоена и Предлог Одлуката за утврдување на потреба од формирање помошни тела на ДИК за спроведување на референдумот, како и Предлог Програмата за задолжителна едукација на изборните органи- општинските изборни комисии, избирачките одбори и избирачките одбори во ДКП-та.